Познати се сите осминафинални двојки на ЕП: Србија остана перфектна, оди на Италија!

225

Се одиграа последните мечеви од групната фаза на Европското првенство. Србија остана перфектна и како првопласирана оди во осминафиналето, каде за противник ќе има селекцијата на Италија.

На последниот меч, Србија ја совлада Полска со 96-69 во битката за врвот во групата Д. Дека ова ќе биде нова победа за избраниците на Светслав Пешиќ беше познато по првата четвртина, поведоа со 28-14, на одморот водеа со 52-33.

Јокиќ со 19 поени беше лидер кај Србија, Милутинов имаше 16 поени.

Италија ја оправда фаворитската улога против Велика Британија славеше со 56-90 за трета победа во групната фаза. Но, завршува на последното место на таб елата во групата Ц.

ДВОЈКИ ОСМИНА ФИНАЛЕ:. Германија – Црна Гора, Грција – Чешка, Шпанија – Литванија, Финска – Хрватска, Словенија – Белгија, Украина – Полска,Турција – Франција, Србија – Италија.

Мечевите од осминафиналето се играат во недела.

ПретходноНавивачите на Омонија го погодија помошниот судија, мечот беше прекинат (ВИДЕО)
СледноЛЕ: Манчестер Ј. тргна со пораз, Барди немоќен во Будимпешта, Монако славеше на „Маракана“ (ВИДЕО)