Манчестер Ј. доживеа пораз на стартот на новата сезона во Лигата на Eвропа, откако вечерва на „Олд Трафорд“, комбинираниот состав на Тен Хаг со Кристијано Роналдо во стартните 11 загуби со 1:0 од шпанскиот ривал Реал Сосиедад. Домашните почнаа со Мегваер и Линделоф во одбраната, и уште неколку резервисти, па на крајот и покрај промените кои ги направи холандскиот стратег не успеаја да го спречат домашниот пораз. Реал Сосиедад славеше благодарение на голот од пенал на Мендез.
Италијански Лацио се чини најлесно успеа да ги обезбеди стартните три бода во новата сезона од Лигата на Европа. Во Рим, „орлите“ го преслушаа Феенорд со 4:2 во меч во кој уште во првото полувреме имаа предност од 3:0 со головите на Луис Алберто, Фелипе Андерсон и Весино. Во вториот дел Весино со вториот гол зголеми и на 4:0, по што следуваа двата гола за гостите кои ги постигнаа Хименез и Идриси кои не променија многу за сликата на теренот.
Големите очекувања на фановите на белградска Црвена Звезда пандаа во вода вечерва на „Маракана“. „Црвено-белите“ иако имаа неколку одлични шанси да го отворат резултатот во првото полувреме, дозволија да останат без „муниција“ и казната да дојде во вториот дел кога францускиот состав со гол од пенал успеа да дојде до победа од 1:0 и првите три бода во групата.
Исклучително возбудливо беше во Будимпешта каде Ференцварош го совлада Трабзонспор на нашиот репрезентативец Енис Барди со 3:2 иако од 16. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Чивиќ. Барди го почна мечот, но беше повлечен од игра по завршувањето на првото полувреме. Ференцварош извојува голема победа з апрвите три бодови во групата.
ЛИГА НА ЕВРОПА
ГРУПА – Е
Манчестер Ј. – Реал Сосиедад 0:1
Омонија – Шериф Т. 0:3
ГРУПА – Ф
Лацио – Феенорд 4:2
Штурм – Мидјиланд 1:0
ГРУПА – Г
Нант – Олимпијакос 2:1
Фрајбург – Карабах 2:1
ГРУПА – Х
Ц. Звезда – Монако 0:1
Ференцварош – Трабзонспор 3:2