Инзаги: Ја посакувавме победата по секоја цена

86

Синоќа тимот на Интер на потешкиот начин дојде до важните три бода овој викенд. На домашен терен триумфираше со минимални 1:0 против Торино со гол Марцело Брозовиќ во 89. минута. Интер беше под страшен притисок изминатата недела, затоа што загубија три меча по ред од Лацио, Милан и Баерн, па бодовите против Торино беа императив.

“Ова беше важна победа која ја посакувавме по секоја цена. Се боревме како тим против противник кој е тешко да се победи. Знаевме дека треба да се потрудиме на овој меч, дека ќе  биде тешко, но навивачите не поддржуваа до самиот крај. Ми се допадна стилот на победата затоа што е важно да победуваме вакви натпревари. Победата беше важна за да се вратиме на победничката патека. Секогаш бараме победа, но оваа недела се соочивме со Баерн , кој е меѓу најдобрите во светот. Кога е во прашање да се ​​види дека тимот е обединет во овој тежок момент, тоа е она што најмногу го радува тренерот“, изјави Инзаги.

Интер во првиот дел од мечот не беше на потребното ниво, но во продолжението тимот се поправи.

„Торино многу ни ја отежна работата, ги блокираше целиот простор за додавање, па и ние моравме да го користиме голманот за движење на топката. На полувремето зборувавме дека треба да најдеме начин да ја придвижиме топката напред“, додаде. тренерот па искоментира и околу враќањето на Хандановиќ во првите единесет визави Онана.

„Онана е голман за кој знаев дека е квалитетен, но кога го видов на тренинг сватив дека е уште подобар отколку што мислев. Тој дојде овде знаејќи дека Хандановиќ е мојот прв избор, но сега ќе одлучувам за натпревар по натпревар. Оваа победа ќе ни ја врати самодовербата. Победивме 4 од нашите досегашни 6 натпревари,имаме 12 бода и ја подобруваме нашата игра како поединци и како тим.Ако не сме обединети како тим, нема шанси да победиме на вакви натпревари“ – заврши Инзаги.

 

ПретходноРеал Мадрид му нуди нов договор на Карло Анчелоти
СледноПолска преку Украина со четвртфинале против Словенија