Со вчерашната победа од 0:4 на гостувањето кај Кадиз, Барселона покажа и докажа дека оваа сезона има тим за титулата во Ла Лига, тука нема дилеми. Секако, за тоа е рано да се говори, но по тој меч стратегот на “каталонците“ Чави Ернандез, стана новиот рекордер во Ла Лига. Имено тој “врза“ дури 17 мечеви на гости како неговиот тим, Барселона, нема пораз во Ла Лига. Од како дојде во ноември на клупата на Барса, Чави досега нема пораз на гостувањата во домашниот шампионат, и тоа трае ли трае, еве веќе 17 мечеви.
Досега вакво нешто му успеало само на Зинедин Зидан во 2016 година и на никој друг тренер во Ла Лига.