Ферстапен најбрз и во Монца!

79

И одново, Макс Ферстапен со одлично возење успеа да дојде до нова победа сезоната во Формула 1. Негова 30-та во кариера, единаесета сезонава и петта во серија. Денеска светскиот првак мајсторски ја извозе легендарната патека на Монца за ГН на Италија, и иако на стартот тргна од седмата позиција, сепак на крајот покажа кој е кој. Со оваа нова победа Макс е поблиску до својата втора титула.

Шарл Леклер на Ферари иако беше прв на стартот, сепак ништо не можеше против Холанѓанецот и со тоа го растажи големиот број фанови на трибините на Монца.

Трет заврши Расел со Мекларен, додека четврти беше Саинц со болидот на Ферари.

Да кажеме дека последните два круга се возеа зад сигурното возило.

ПретходноСупер гол на Валверде, Реал со пресврт до победа! (ВИДЕО)
Следно“Коцкестите“ бадијала калкулираа, Финска победи и си закажа четвртфинале со Шпанија!