Прв медал за Димитријевиќ во дресот на Уникс Казан!

130

Ненад Димитријевиќ и Уникс Казан со бронзен медал се враќаат од Купот Хаjретдинов. Тимот на македонскиот репрезентативец во битката за третото место го совладаа шампионот на Белорусија, Минск со убедливи 63-51.

Уникс мечот го реши уште во првата четвртина која ја доби со 26-10, иако беше некомплетен сепак покажа дека е повалитетен противник од Минск. И на оваа средба Димитријевиќ беше стартер, зад своето име запиша шест поени, пет асистенции и два скока. Хантер со 17 поени го предводеше Уникс до победата.

Избраниците на Велимир Перасовиќ за пет дена ќе играат две нови контроли пред стартот на новата сезона во која се очекува Нено да биде лидер во тимот.

ПретходноНестор влезе, па Удинезе победи! (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Шкупи шампионски, седум од седум за Струга ТЛ, Победа ја шокираше Брегалница, Тиквеш не запира…