Скопје ги запиша првите бодови под водство на Кузманоски!

88

Екипата на Скопје по поразот на стартот на сезоната во Супер-лигата од фаворитот Е.Пелистер брзо се опорави и ги запиша првите бодови. Под водство на новиот тренер, Горан Кузманоски на домашен терен славеше против Јуниор К.В со 28-26 во рамките на 2. коло во групата Б.

Барјактаревиќ со шест гола и Киселовски со пет го предводеа Скопје до првиот триумф, кај гостите Симоноски имаше пет погодоци.

Јуниор К.В имаше водство само во воведните минути, по 3-4, домашниот состав со фуриозни шест гола во низа поведе со 9-4. Од овој момент избраниците на Горан Кузманоски ја превземаа контролата на мечот, не му дозволија на противникот да се врати во ниту еден момент.

По 15-11 на полувремето, одморот не промени ништо. Темпото го диктираше домаќинот, умешно чуваше позитива за сигурна завршница и цел плен од оваа средба.

ПретходноУнион Берлин не знае за доста! (ВИДЕО)
СледноБлескавата Италија ги посрамоти српските “ѕвезди“!