Србија сосема неочекувано во осминафиналето го заврши настапот на Евробаскетот, беше совладана од Италија со 86-94. Никој не сонуваше дека еден од главните фаворити нема да стигне до четвртфиналето.
Веднаш по мечот прстот е насочен кон селекторот, Светислав Пешиќ и неговите чудни одлуки, од Милош Теодосиќ и неговото отстранување од списокот до денешниот меч против Италија.
Социјалните мрежи се преплавени со кафанската журка на Теодосиќ со која се збогува со Србија. А зборовите на песната доволно кажуваат кој бил во право…
„Ќе остане песната и спомените на Тео капитенот“