Драма со хепи-енд за битолчани: Супер-Куп трофејот повторно во рацете на Пелистер!

229

Супер Куп трофејот отиде во рацете на Пелистер кој славеше со 23-22 против Вардар по голема драма. Херојот на битолчани е Кизиќ, го одбрани ударот на Талески за продолжение. Ова беше прва пресметка во новата сезона на двата најголеми ривали во домашниот шампионат. Дуелот се одигра пред полни трибини во СЦ „Билјанини Извори“, овој пат без инциденти.

Прво име кај победникот беше Хосни со седум гола беше прв стрелец, Сосу и Пешевски имаа по четири погодоци. На другата страна Талески имаше десет гола, четири запиша Манасков.

Мечот како што се очекуваше беше изедначен и неизвесен, никој не се штедеше, ова беше прва битка во различно „руво“ на двете страни. Вардар 1961 поведе со 2-1, па со 5-3. На другата страна битолчани нешто подоцна со серија од два гола дојдоа на плус два 8-10 и 9-11. Сепак „црвено-црните“ не остнаа покуси па вратија за 12-11. Пешевски на одморот изедначи на 12-12.

Пелистер влезе силно во вториот дел, поведе со 12-15, два гола беа дело на Васиље во 33 минута. Вардар остана со играч помалку, но тоа пак не ги спречи да дојдат до водство од 17-15 во 41 минута. Карапалевски, Талески (три гола ) и Манасков го вратија својот тим во игра. Талески пропушти шанса за плус два.

На другата страна Сосу ја прекина серијата на Вардар од 5-0, по тајм-аутот на Валтер за 17-17. Талески со два погодоци зголеми на 20-18. Во меѓувреме Борко Ристовски застана на голот на Вардар, на другата страна Марко Кизиќ.

Пелистер имаше проблем со нападот, Вардар во последните десет минути влезе со сигурен Борко на голот и со два гола разлика (21-19). Актуелниот македонски првак не искористи два напади за да ја зголеми предноста, па Кизиќ со одбрана и Хосни со погодок се обидоа да ги разбудат битолчани.

Пешевски ја врати неизвеноста на четири минути до крајот (22-22). Резултат кој не се промени во следните две минути, главниот збор го имаа Борко и Кизиќ. По последната интервенција на голманот на Пелистер и тајм-аутот на Валтер, битолчани преку Суси реализираа за 22-23. Останаа 30 секунди, Талески не успеа да израмни, беше направен прекршок врз него, на четири секунди до крајот Кизиќ го одбрани новиот удар на Талески.

ПретходноПoцеко во транс: Трчаше по ходникот и му се фрли на збунетиот Јанис (видео)
СледноУЕФА објави нов термин за мечот Ренџерс-Наполи