Крајова победник на меѓународниот одбојкарски турнир во Струмица

100

Романска Крајова е победник на меѓународниот одбојкарски турнир кој викендов заврши во Струмица по повод 75-годишнината од постоењето на одбојкарскиот спорт во градот.

Романците со три победи го завршија турнирот на првото место, пред домаќинот екипата на Струмица Никоб која оствари две победи во трите одиграни средби. Струмичани славеа над едкипите на Будва и Раднички со по 3:2, а загубија од Крајова со максимални 3:0.

Романците однесоа победи и против Будва (3:0) и против Раднички (3:1).

Во завршниот ден на турнирот беа доделени постхумни благодарници на фамилиите на  поранешни членови на Струмица кои оставија голем белег во постоењето на клубот и развојот на одбојката во Струмица.

ПретходноАргентина е нов кошаркарски шампион на Америка, САД само трети
СледноПех за Словенија: Помладиот од браќата Драгиќ се повреди и го заврши Евробаскетот