Официјално: Премиерлигашите ќе играат викендов, но без двете дербија!

285

Како што и официјално известија од страна на раководството на Премиерлигата, претстојниот викенд ќе се игра редовното коло, но без двата дерби натпревари и тоа Челзи – Ливерпул, како и Манчестер Јунајтед – Лидс, и тоа поради настаните околу погребот на кралицата Елизабета. Нема да се игра и мечот меѓу Брајтон – Кристал Палас кој претходно беше презакажан поради штрајкови на локалната железница.

Познато е дека изминатиот викенд немаше фудбал на Островот поради смртта на кралицата Елизабета и деновите на жалост.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Силекс)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 7.КОЛО: Алварез е најдобар меѓу најдобрите