Болоња на својата официјална интернет страница објави дека Тијаго Мота е нивниот нов тренер. Тој доаѓа на местото на Синиша Михајловиќ кој беше тргнат од позицијата поради слабите резултати на стартот на новата сезона.
Договорот на некогашниот фудбалер на Интер е до летото 2024 година. Претходно тој беше тренер на младинската екипа на ПСЖ и на Џенова и на Специја.
По шест кола Болоња има шест бода и е на 12. место во италијанската Серија А.
Мота ќе дебитира на клупата на Болоња на мечот против Емполи на 17 Септември.