Македонскиот шампион Шкупи ја дозна казната од УЕФА поради навивачките испади за време на натпреварите од европските купови. Поради користење на пиротехнички материјали и непримерно навивање клубот од Чаир е казнет од УЕФА со 44.000 евра.
И покрај паричната казна Шкупи изрази благодарност до своите навивачи за поддршката за време на натпреварите во ЛШ, ЛЕ и ЛК оваа сезона. Тие ги повикаа своите симпатизери да продолжат да го бодрат клубот.