„Волчицата“ триумфално во Емполи, супер гол на Дибала (видео)

181

Екипата на Рома ја впиша четвртата победа сезоната во Серија А. Во последниот меч од 6. коло на Серија А тимот предводен од Мурињо славеше триумф со 2:1 на гостувањето кај Емполи. Пауло Дибала со прекрасен гол од далечина го отвори резултатот во 17 минута.
Бандинели во 43. минута изедначи на 1:1, сепак, Рома одново дојде во предност и на крајот победи. Во 71 минута на асистенција на Дибала погоди Абрахам, а интересни моменти се случија од 75. до 80. минута.

Прво судијата Маринели не покажа на белата точка за Емполи. Сатриано падна во дуел со еден играч на Рома, а по прегледување на снимка судијата не покажа пенал за домашните. А во наредната акција Маринели свирна пенал за Рома по прекршок на Какаче врз играч на Рома. Лоренцо Пелегрини застана на 11 метри меѓутоа промаши, поточно ја погоди пречката.
Сепак, тоа не се одрази на конечниот резултат и бодовите отидоа кај Рома.
Емполи го впиша вториот пораз, односно првиот после четирите едноподруго ремија.

ПретходноЛиверпул се мачи со резултати и со повреди: Уште еден играч отпаѓа за дуелот со Ајакс
СледноЧави за мечот со Баерн: Чувствувам дека можеме да победиме