„Марка“ тврди дека ПСЖ ќе има проблем: Мбапе сепак не потпишал договор на три години?

301

Килијан Мбапе потпиша нов договор со ПСЖ во мај. Се пишуваше дека истиот е со важност од три години, според најновите информации истиот е на две години со опција за продолжување на уште една. А таа опција ќе се активира само доколку така одлучи 23-годишниот француски напаѓач, тврди „L’Equipe“ во текстот со наслов „Килијан Мбапе, договор кој може да му направи проблеми на ПСЖ од 2023 година“.

Во него се наведува дека неговата иднина наскоро повторно ќе биде доведена во прашање.

„Последната година зависи од Мбапе“, изјави извор за L’Equipe. „Марка“ додава дека овој детал „целосно ја менува ситуацијата бидејќи тоа значи дека Реал Мадрид би можел да го доведе порано отколку што се мислеше“.

Должината на договорот наводно ги забави преговорите. Клубот сакаше долгорочен договор за да биде сигурен дека ќе ја задржи ѕвездата, додека играчот сакаше пократок за да може да си замине.

„Двегодишниот договор со опција за продолжување му овозможува на Мбапе да изврши притисок врз раководството на клубот. Тој рече дека сака да оди до врвот со клубот, но исто така нагласи дека сака посилен тим да го постигне тоа. Јасно е дека ќе се зборува многу за Килијан Мбапе следното лето“, заклучува „Марка“.

ПретходноСледната работа на Тухел ќе биде најголема во неговата кариера!
СледноВо Франција одигран меч кој се случува еднаш во 100 години!