Довчерашниот менаџер на Манчестер Ј., Оле Гунар Солскјер повторно и се врати на тренерската работа. Сепак, по отказот во Манчестер Ј. сега се решил да се врати со работа со млади фудбалери, па ја прифатил поканата на норвешкиот клуб Кристијансунд да работи со кадетите до 14 години.
Интересно е што Солскјер имал понуди и за сениорски ангажман, но сите кои стигнале до него ова лето наводно ги одбил. По заминувањето на Алнглија, Оле се врати во норвешкиот крајбрежен град Кристијансунд, каде извесно време ги следел кадетите на локалниот тим, во чии редови настапува и неговиот син Елија.