Југослав Тренчовски не е веќе тренер на Ал Араби!

574

 

Југослав Тренчовски не е веќе прв тренер на Ал Араби, на еден од најдобрите клубови во Кувајт.Нашиот стратег кеко шеф на струката на Ал Араби издржа само неполни два месеци и тоа откако го презеде тимот на 24 јули оваа година. Сепак резултатите не беа според очекувањата, на последните четири меча тимот на Ал Араби предводен од Тренчовски забележа два порази и две ремија, па затоа беше и разделбата.

No description available.

Инаку не се знае дали Тренчовски останува во клубот и дали ќе се врати на функцијата што ја имаше пред 24 јули, а таа беше директор на Академијата на Ал Араби,функција која со успех ја извршуваше.

Тренчовски пред да замине за Кувајт беше тренер и директор на А.Пандев, работеше и во екипите на Беласица, Хоризонт Турново и беше селектор на У-19 селекцијата на Македонија.

ПретходноСолскјер по Манчестер Ј. сега ќе биде тренер на кадетите на Кристијансунд?!
СледноУште еден фаворит заврши со Евробаскетот: Германија во полуфинале, Грција си оди дома