Златан Ибрахимовиќ се опоравува од операција на коленото. Тој има едногодишен договор со Милан, но се уште не го објавил своето пензионирање. Тој во интервју за Газета дело Спорт му одговори на Звонимир Бобан кој претходно за истите медиуми изјави дека треба да стави крај на кариерата.
“Бобан рече дека треба да се пензионирам? Кога ќе видам играч посилен од мене, ќе го направам тоа. Но, се уште не сум го нашол”, одговори шведскиот напаѓач на свој карактеристичен начин додаде:
„Ќе се слушне кога ќе се вратам, можете да сметате на тоа. Сега е потребно трпение“.
Да потсетиме, Милан како шампион на Италија се избори за Лигата на шампионите, во група е заедно со Динамо, Челзи и РБ Салцбург.
“Како тим сме посилни од минатата сезона. Се засиливме во преодниот рок и сега имаме поширока клупа. Да не ми се допадне сработеното, немаше да бидам тука”, изјави Ибрахимовиќ.