Екс-соиграч на Антиќ ја побарал кредитната картичка од германскиот селектор, добил интересен одговор!

867

Италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко им даде кредитна картичка на своите играчи откако во луд натпревар ја победија Србија во осминафиналето на Евробаскетот и не му беше грижа колку потрошија за храна, пијалок и музика.

По големиот триумф над Грција, германскиот селектор, Гордон Херберт, потенцира дека нема да го стори истото како својот колега од Италија, иако екс-соиграч на Перо Антиќ од Атланта, Денис Шрудер ја побарал неговата кредитна картичка.

Херберт по натпреварот беше прашан од новинарите дали ќе се напие чаша вино по триумфот во кариерата против Грција (107:96) како награда за добар резултат, на што воздивна и објасни дека сигурно нема да слави.

„Знам само дека нема да им дадам кредитна картичка на моите играчи. Претпочитам ладно пиво наместо чаша вино. Шрудер ме праша за кредитна картичка, јас само му кажав дека сум бил разведен три пати, нема да ви се допадне лимитот“, се насмеа тој.

Во битката за полуфинале, Германија ќе игра против Шпанија.

ПретходноЗвонимир Бобан смета дека треба да се пензионира, Ибрахимовиќ му врати во свој стил!
СледноШок: Чурлинов е повреден и не игра против Грузија и Бугарија