Струга Трим Лум, лидерот во тековната сезона во ПМФЛ и тоа со седум победи од седум меча, денеска во 15 часот во Неготино се среќава со домашниот нисколигаш Вардар во рамките на 1/16 финалето во Купот на Македонија. Се разбира дека стружани се фаворити, но сепак тоа е фудбал, ништо не се знае однапред. Треба да се одиграат добри 90 минути за да се избори пласман во следната фаза.
Во пресрет на стартот на ова натшреварување, свој коментар има искусниот играч за врска на Струга ТЛ, Фљамур Таири:
“Нема да го потцениме противникот, а јас очекувам и во ова натпреварување добро да стартуваме. Нашите цели во Купот на Македонија се познати, да стигнеме до финалето и да го донесеме пехарот во Струга. Ние во последните три сезони во три наврати доаѓавме до полуфиналето, редно е веќе да дојдеме до тоа финале“ заклучи Таири.