Шок: Чурлинов е повреден и не игра против Грузија и Бугарија

153

Поради повреда на задниот бутен муслул, Дарко Чурлинов нема да може да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за претстојните мечеви од Лигата на Нациите против Грузија на 23 септември на гости и три дена подоцна против Бугарија на домашен терен.

Ова е уште еден удар за нашиот национален тим со оглед на големите проблеми кои ги имаме околу составот, што поради повреди, што поради недостаток на минутажа на клучните играчи.

Сеуште не се знае дали дополнително ќе биде повикан нов фудбалер на местото на Чурлинов, а прозивката на селекторот Милевски е закажана за 19 септември во 12:00 часот во хотелот Хилтон во Скопје.

 

ПретходноЕкс-соиграч на Антиќ ја побарал кредитната картичка од германскиот селектор, добил интересен одговор!
СледноТаири: Се надевам дека оваа сезона ќе го донесеме пехарот од Купот во Струга!