Откако минатата сезона веќе одработи еден мандат во тимот на Работнички, Николче Шаркоски денеска по втор пат е промовиран како член на овој тим.
Во моментите кога Дебармаалци се соочуваат со сериозни проблеми на резултатски план, во моментов се и без тренер, затоа што Љупчо Марковски си замина, доведуваат играч кој реално може и да ги покрене нештата.
Шаркоски последно беше дел од тимот на Академија Пандев, а претходно настапуваше и за Победа.