Првотимецот на Тиквеш, Едис Спахиу денеска беше успешно опериран. Офанзивецот на кавадарчани го чека пауза и поправување, но од Тиквеш му порачаа дека знаат за каков борец се работи и дека не се сомневаат во неговата намера да се врати на терените уште посилен.
Спахиу е еден од најдобрите поединци во Тиквеш во изминатиот период и постигна многу важни голови. Како на пример оној во бараж дуелот против Силекс кога беше обезбеден пласман во првата лига.