Шек за Родман: Не можев да го поднесам, после натпревар не се тушираше!

230

Шекил О`Нил, во едно до своите најнови интервјуа, имаше свој коментар за тоа што мисли за контроверзниот Денис Родман, со кого играше кусо заедно во ЛА Лејкерси во 1999 година.

Не е тајна дека Родман на сите свои соиграчи, каде и да играше, им одеше на нерви, но посебно се истакнал кога бил член на Лејкерси.

Кој беше најлош соиграч? Без дилеми Денис Родман. Не можев да го поднесам. Беше супер кошаркар, но тежок човек. Си правеше што сака, ништо не почитуваше од она што ќе се договориме со тренерот. Си живееше во некој свој филм. Сите ние пред натпревар доаѓавме еден час порано, а тој дебело доцнеше секогаш, и кога ќе дојдеше на 10-15 мин пред натпреварот, секогаш јадеше ориз со пилешко. Додека тренерот говореше тој се тушираше со студена вода, па потоа правеше склекови. После секој натпревар не се тушираше туку веднаш излгуваше од соблекувалната и одеше на

забави во ноќни клубови во лов на девојки“ рече покрај другото легендарниот Шек.

Претходно„Федерер, Федерер, Федерер…и после го зае*ав!“ (ВИДЕО)
СледноСилен старт на Кјелце и Гог во Лигата на шампиони!