Уште еден драматичен меч се одигра на Европското првенство, на кое веќе се познати полуфиналните двојки, последна репрезентација која ја комплетираше битката за место во финале беше Полска. Ова е уште една селекција во списокот на ова континентално натпреварување која докажа дека фаворитите постојат само на хартија го совлада актуелниот првак, Словенија со 87-90 и си закажа полуфинале со Франција.
Понитка со трипл-дабл од 26 поени, 16 скока и 10 асистенции ја предводеше својата земја до чудо на ЕП, на другата страна Влатко Чанчар имаше 21 поени. Дончиќ кој не го доигра дуелот запиша дабл-дабл од 14 поени и 11 скока.
Бранителот на титулата беше шокиран во првото полувреме, на другата страна Полска одигра перфектно во овој дел, имаше позитива од 39-58. На средината на втората четвртина Словенија имаше негатива од 23 поени (31-54).
Сепак одморот одлично им дојде на Дончиќ и соиграчите, одиграа неверојатно добро во третиот период кој го добија со неверојатни 24-6 и се вратија во дуелот целосно. Сепак овој нивни налет беше сопрен во одлучувачките десет минути.
Од 35 минута Дончиќ влезе во лоша серија, заработи техничка грешка, промаши слободни фрлања и со нова лична грешка (петта), и изгубена топка на Горан Драгиќ го однесоа противникот на 76-84 на две и пол минути до крајот. Препелиќ, Драгиќ и Муриќ го дадоа последниот атом на сила, на 30 секунди доближија на 87-90, но не се снајдоа во финишот за голема радост во редовите на Полска.