Роналдо со гол во Лигата на Европа! (ВИДЕО)

159

Кристијано Роналдо вечерва за првпат во својата кариера постигна гол во Лигата на Европа, од како стрелаше од пенал за Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Шериф во меч од 2.коло во групната фаза второто по ранг европско клупско натпреварување.

Тоа се случи во 39.минута со што Португалецот му донесе водство на својот тим од 0:2.

Инаку оваа сезона Роналдо дебитира во Лигата на Европа откако нешто помалку од две децении играше постојано во Лигата на Шампионите каде што постигна 140 голови на 183 натшревари.

Ете, дојде денот Роналдо да се радува на гол во Лигата на Европа.

Треба да се каже дека ова е првиот гол на Роналдо во новата сезона, воопшто на сите натпревари за Манчестер Јунајтед.

ПретходноСара Ристовска одлична во победата на ЦСКА Москва!
Следно„Тутоспорт“: Влаховиќ е платен 7,5 милиони евра годишно а не знае една топка да смири!