Скандал во Шпанија – организирале оргии со пари од Фудбалската федерација!

232

Шпанската фудбалска федерација ги одби обвинувањето дека нејзиниот претседател Луис Рубиалес организирал оргии со пари од Федерацијата, тврди „Ел Мундо Депортиво“. Според нивните извори, за кои се верува дека потекнуваат од Хуан Рубиалес – вујко на претседателот на федерацијата Луис „поканил осум до десет млади девојки“ во куќа во областа Гранада.

„Ел Мундо“ тврди и дека ја има изјавата на Хуан Рубиалес до шпанската антикорупциска комисија бидејќи изнудувал пари и од неколку приватни компании.
Шпанската фудбалска федерација длабоко жали и категорично ги отфрла наводите од поранешниот претседателски помошник до обвинителите во април. Сè што Хуан Рубиалес сака да направи нешто е од бес и да го наруши имиџот на претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација. И покрај бомбастични тврдења, нема ниту еден доказ пред обвинителството“, се вели во соопштението на шпанската федерација.

Ова е втор скандал со федерацијата оваа година, откако претходно „Ел Конфидентал“ објави разговори меѓу Рубиалес и дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике за финансиските детали околу организацијата на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, за што компанијата на Пике – „Космос“ , заработил 25 милиони евра.

ПретходноСупер трансфер – Николов е пред потпис со Стеауа!
СледноКантона: Нема да гледам ниту еден меч на Мундијалот, тоа СП во Катар е нешто ненормално!