Поранешен англиски репрезентативец објави пензија

176

Поранешниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Бен Форстер објави крај на фудбалската кариера. Форстер кој има 39 години одлучи да каже „Доста“ после 21 година професионална фудбалска кариера. Тој почнал во Стоук, но никогаш не заиграл за оваа екипа затоа што бил позајмуван во неколку клубови како Бристол Сити, Кидерминстер, Врексам. Во Манчестер Јунајтед пристигна во 2005 година и остана до 2010 година, прво две сезони беше позајмен во Ватфорд потоа остана на „Олд Трафорд“ како резервен голман.
Во 2010 година премина во Бирмингем Сити, од 2011 до 2018 година играше за ВБА, а потоа и во Ватфорд. За англиската репрезентација има и осум настапи.

ПретходноСари по фијаското од Митјиланд: Ќе барам објаснување од играчите
СледноМитревски и Порто со пораз тргнаа во ЛШ