Сан Сиро се руши на 1. јануари 2024 година

280

Легендарниот дом на италијанските фудбалски великани, Интер и Милан, стадионот Сан Сиро, официјално ќе биде затворен на 1. јануари 2024 година и од тој момент ќе стартува неговото рушење. Ќе следува правење на нов грандозен објект вреден 1.2 милијарди евра, кој ќе биде во дооднос со модерните фудбалски токови и објектите кои ширум светот одзимаат здив.

Па така, дел од градењето на новиот стадионот треба да го вметне во плановите и почетокот на зимските олимписки игри во 2026 година на кој што Милано, односно Кортина е домаќин, а финалниот рок за финиширање на проектот е 2030 година.

Од друга страна, сеуште не е познато името на новиот стадион, ниту пак макетата како тој би требало да изгледа.

 

ПретходноРоналдо повторно го шокираше светот, дрско одби да направи селфи (ВИДЕО)
СледноДресот на Џордан продаден за рекордни 10.1 милиони долари