Тимот на Академија ФМП во следната сезона ќе има сериозно различен тим отколку минатата. Доведени се неколку нови имиња кои ќе го направат овој тим поквалитетен и поконкурентен за перидоот кој следува.
Екипата која што ќе ја предводи Никола Божиновски е посилна за Предраг Пајиќ, Габриел Коскоски, Закари Овенс и Чендлер Џонс. Џонс и Овенс се интернационалци од САД без кои очигледно во домашниот шампионат тешко дека може да се биде конкурентен.