Халанд уште на стартот ги засени ѕвездите во Премиер лигата

120

Напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд е најдобриот фудбалер за месец август во Премиер лигата. Норвежанецот одбележа историско деби во првиот месец во најсилната англиса лига со девет гола во првите пет натпревари за Сити. Тој погоди против Вест Хем, Њукасл, Кристал Палас и Нотингем Форест, а асистираше на мечот со Борнмут. Халанд ги подобри рекордите на Мајки Квин и Серхио Агуеро за најдобри голгетери по првите пет натпревари во Премиер лигата.
Халанд е првиот фудбалер со оваа награда во дебитантскиот месец по Бруно Фернандес кој го направи тоа со Манчестер Јунајтед во февруари 2020 година. А Халанд успеа да победи силна конкуренција во Габриел Жесус, Александар Митровиќ, Мартин Одегард, Паскал Грос, Родриго, Заха и Ник Поуп.

ПретходноВили Сањол – селекторот на Грузија: Со Македонија дома ќе ни биде потешко отколку во Скопје!
СледноБалотели си тера по старо…алкохол, ноќни клубови, девојки! (ВИДЕО)