Барселона наметна ново интерно правило!

223

Барселона воведе ново внатрешно правило во клубот, според кое играчите повеќе не добиваат бонуси доколку се повредени или ако немаат 50% одиграни официјални натпревари во календарот на натпреварувањето.

Каталонците се менуваат во лет, откако многу се плеткаа во последните сезони, со играчи како Дембеле или Умтити кои имаа бонуси за освојување титули и постигнување голови, но беа повеќе повредени.

Така, од оваа сезона бонуси за трофеи или лични достигнувања во Барселона се исплаќаат само доколку играчот одигра најмалку 50% од натпреварите, без разлика дали е повреден или не.

Ако некој играч е повреден, тоа е негова загуба и влијае на конечниот бонус процент на крајот од сезоната. Минатата сезона во Барселона имаше играчи кои беа достапни за девет официјални натпревари (цела сезона), одиграа на пет натпревари и добија бонус во договорот.

Оваа клаузула во договорот веќе ја има Дембеле, пренесува „Маркаа“. Можеби ова е причината поради која францускиот фудбалер не е толку често изложен на повреди и е подготвен за Барселона?

ПретходноДе Зерби ќе биде новиот менаџер на Брајтон?
СледноГо нарекоа „мајмун“, Реал Мадрид ќе покрена тужба!