Винисиус: Расисти, слушајте ме внимателно…

316

На дел од шпанската фудбалска јавност не и се допаѓа прославувањето на голот на Винисиус Жуниор. Офанзивецот на Реал головите ги прославува танцувајќи, што е карактеристично за доста јужноамерикански фудбалери. Винисиус беше особено критикуван од Педро Кастро, претседател на Здружението на шпански агенти.

„Ако постигнете гол, а потоа танцувате самба, одете на Самбодром (платформа за танчери во Рио, оп.а). На терен треба да ги почитувате колегите и да престанете да се однесувате како мајмун“, рече тој во емисијата „Ел Чирингито.

Откако го слушнал зборот „мајмун“, водителот го прекинал неговиот говор и му рекол: „Не можеш така да ги нарекуваш луѓето, немој да го правиш тоа повторно“.

Со соопштение излезе и Реал Мадрид, кој најави тужба за сите оние кои ќе ги навредат нивните фудбалери.

По наведливите зборови на социјалните мрежи се огласи и самиот фудбалер.

„Се додека се вели дека бојата е поважна од светлината во очите, ќе има војна. Јас ја имам оваа фраза истетовирана на моето тело. Оваа мисла е врежана во мојот ум. И во мојот живот ја претворам оваа филозофија во реалност. Велат дека среќата пречи. Уште повеќе пречи среќата на црните Бразилци кои се успешни во Европа. Но, мојата желба за победа, мојата насмевка и огнот во очите се многу посилни од тоа.

Не се ни обидувајте да замислите колку. Сега со една реченица бев жртва на ксенофобија и расизам, но ништо од тоа не започна вчера. Пред неколку недели, некои луѓе почнаа да го критикуваат моето танцување. Но, тоа не е мојот танц. Припаѓа на Роналдињо, Нејмар, Гризман, Жоао Феликс…Бразилски пејачи и самба танчери, латиноамерикански регетон пејачи, црни Американци…“, пиша фудбалерот на Реал Мадрид. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vinicius Jr. ⚡️🇧🇷 (@vinijr)

ПретходноПМФЛ: Мега – пресметка под Шара, Струга ТЛ сака осум од осум, на Работнички му “гори“, А.Пандев против “лавовите“
СледноСпектакл: Шкендија со Ќато ќе „удри“ на Шкупи!