ФИФА донесе одлука: Еквадор ќе игра на СП во Катар, жалбата на Чиле одбиена!

71

ФИФА ја одби жалбата на Чиле да го исфрли Еквадор од Светското првенство во Катар поради случајот Бајрон Кастиљо. Чилеанците изјавија дека немаат намера да застанат во напорите и планираат да поднесат жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана, два месеци пред Светското првенство.

Случајот Бајрон Кастиљо трае од почетокот на мај оваа година, кога Чиле го обвини Еквадор дека го фалсификувале изводот од матичната книга на родените на 23-годишниот играч и побараа од ФИФА, Еквадор да биде исфрлен од Светското првенство во Катар. Чилеанците открија дека Кастиљо нема право да игра за Еквадор, бидејќи нема државјанство и е роден во Колумбија.

„Дејли Мејл“ пред неколку дена пронајде документи и аудио снимки од 2018 година, во кои Бајрон Кастиљо признава дека фалсификувал документи во интервју со шефот на истражната комисија во еквадорската федерација. Тој откри дека е роден во 1995 година (не во 1998 година) и дека е роден во Колумбија, а не во Еквадор. Марко Замбрано, еквадорски бизнисмен и сопственик на клубот „НортеАмерика“, му помогнал да добие лажни документи. Сепак, ни овие докази не го променија ставот на ФИФА, чија Комисија за жалби денеска повторно го одби барањето за исфрлање на Еквадор од Светското првенство во Катар.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Бобан Николов го облече дресот на романска Стеауа!
СледноЛацио ќе им ги врати парите за билети на навивачите кои го гледаа очајот во Данска