Преубавата Дајана Јастремскаја, младата украинска тенисерка, пред неколку месеци беше суспендирана поради допинг. Нејзиниот тест беше позитивен, па сега е под суспензија. Интересно е тоа што она сега се “вади“ дека била допингувана и тоа поради секс.
Според нејзините зборови нејзиниот некогашен партнер користел мастеролон, па така преку него била внесена недозволената супстанца. Проблем за неа е што тој ги демантира тие “приказни“ на Дајана.
Сепак она не мирува, и покрај тоа што не може да игра тенис, може да учествува во повеќе рекламни кампањи. Познатите брендови просто се “тепаат“ да ја имаат Дајана како реклама на своите производи.