Игњатов: Тешко е да се игра под притисок, сепак Работнички заслужено победи!

354

Иако далеку потешко од очекувањата, сепак Работнички успеа да ја победи Победа со 1:0 и да освои големи, големи три бода. Во првиот дел тимот на стратегот Стојан Игњатов доминираше, постигна гол и имаше неколку шанси. Во вториот дел Победа можеше да дојде и тоа како до израмнување, но на голот на домашните беше Игор Алексовски кој беше феноменален.

За “Спортмедиа“ свој коментар има токму Игњатов…

Тешка средба за нас. Јасно е дека е тешко да се игра кога си под притисок. Сепак мислам дека заслужено победивме и тоа мораше да го решиме во првиот дел. Подоцна во неколку наврати Алексовски покажа дека супер голман. Честитки и за останатите играчи на Работнички за оваа победа“ констатираше Игњатов.

ПретходноСТРАШНА е оваа Струга Трим Лум: Победничко селфи по осми пат!
СледноБарса и Левандовски си поигруваа со Елче! (ВИДЕО)