МЗТ Скопје го освои „Земун Куп“, откако во финалето совлада домаќинот Младост со 86-80. Актуелниот македонски првак во поголем дел од мечот беше подобар противник.
Иако избраниците на Александар Петровиќ покажа низа слабости, сепак успеаја да дојдат до триумфот, кој ќе значи многу пред стартот на големиот предизвик, АБА-лига. Кафи со 19 поени беше прв стрелец, зад него беше Миќовиќ со 12 поени.
МЗТ Скопје во 25 минута имаше двоцифрени 58-46, на другата страна Младост Земун беше без постигнат поен пет минути. Со серија од 5-0 домаќинот дојде на 58-55, па на 62-60.
При 65-60 во последните десет минути, Младост Земун направи серија од 8-1 и поведе со 66-68 во 33 минута. Кефи со тројка го врати МЗТ Скопје на 70-68, а потоа на крилата на Војдан и Дамјан дојде на плус девет (80-71) на девет минути до крајот.
На голема среќа Младост Земун во самиот финиш не искористи чисти шанси за пресврт, па македонскиот тим успеа да го задржи водството.