Некогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, и наш искусен меѓународен стратег, Чедомир Јаневски е нов тренер на кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол.
Јаневски доаѓа на оваа позиција од местото помошник во стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка, а ова нема да му биде прв ангажман на Кипар. Претходно беше тренер на екипите на Енозис Паралимни, Олимпијакос Никозија, Етникос Ахна. Има огромно интернационално искуство, а во АЕЛ ќе му биде тренер на некогашниот капитен на нашата У21 репрезентација Давор Здравковски.