Нуров само до четвртфиналето, Алили утре низ репасаж ќе се бори за бронза

142

Иако се надевавме дека Магомедгаџи Нуров, нашиот најдобар борач во моментов ќе стигне до медал на Светското првенство во борење слободен стил во Белград сепак, тоа нема да се случи.

Иако, денеска во категоријата до 97 килограми, Нуров успешно го мина осминафиналето, победувајќи со 14:4 против кинескиот борач Михеите, беше запрен во четвртфиналето од Грузиецот Мачарашвили со 4:6, кој потоа загуби во полуфиналето и со тоа не успеа да го повлече во репасаж.

За разлика од него, нашата млада надеж Бесир Алили во категоријата до 61 килограм, иако загуби во првата рунда од Иранецот Атринагхарчи со 1:11, успеа да обезбеди место во репасажот, бидејќи иранскиот борач се пласираше во финалето. Алили утре во битка за бронза во првиот репасаж-филтер ќе се бори против Азербејџанецот Ислам Базарганов.

ПретходноЧедомир Јаневски е нов тренер на АЕЛ Лимасол
СледноСасуоло со „шок терапија“ за Торино