Попладнево се играат седум натпревари од 5.коло во ВМФЛ. Вчера во дербито на колото Гостивар и Воска одиграа 2:2.
Најинтересно се очекува да биде покрај Охридското езеро каде ќе гостуваат Вардар и Пелистер. Скопскиот тим ќе игра во Струга против Караорман, а битолчани ќе бараат бодови кај Охрид.
Детонит Плачковица го дочекува добриот тим на Арсими, меч во кој домашниот состав можеби е фаворит на хартија. Ужасниот Борец,кој во средата во Купот беше торпедирани од третолигашот Фортуна, го дочекува Кожуф и тешко дека ќе избегне пораз. Пехчево Скопје и Тетекс играат во Скопје, ете шанса за бодовите на “штофарите“, а Каменица Саса дома игра со Беласица. И во последниот меч екипата на Беса се среќава со Слога (Виница).
ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
ОХРИД – ПЕЛИСТЕР
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АРСИМИ
БОРЕЦ – КОЖУФ
КАРАОРМАН – ВАРДАР
ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ТЕТЕКС
КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА
БЕСА – СЛОГА(В)
ВЧЕРА:
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 2:2