Има надеж, повредата на Ројс не е страшна, ќе паузира 3-4 недели

64

Марко Ројс се повреди на дербито меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04. На теренот ситуацијата изгледаше застрашувачки. По еден старт германскиот репрезентативец легна на тревата со болна гримаса, а лекарите неколку минути му укажуваа лекарска помош. На крајот беше изнесен на носилки. Тој добил удар во скочниот зглоб, но се чини дека нема ништо оштетено според зборовите на спортскиот директор на Борусија Себастијан Кел.
Според него Ројс ќе паузира меѓу три и четири седмици што значи дека тој ќе може да игра на Светското фудбалско првенство во Катар. Тоа значи дека Ројс ќе ги пропушти следните два натпревари на Германија против Унгарија и Англија во Лигата на нациите, а веројатно еден или два меча на Борусија во првенството(ЛШ).

ПретходноПознат е првиот учесник во ЛШ за сезоната 2023/24!
СледноУдинезе “царува“ во Серија А, го „торпедираше“ и Интер, а Нестор остана на клупата! (ВИДЕО)