Удинезе “царува“ во Серија А, го „торпедираше“ и Интер, а Нестор остана на клупата! (ВИДЕО)

135

Уште еден фантастичен меч одигра Удинезе во Серија А. Денеска во меч од 7.коло “црно – белите“ на „Дачија Арената“ во Удине со 3:1 го победи Интер и со тоа избија на чело на табелата во Серија А, барем до вечерва кога своите мечеви ги играат Милан, Аталанта и Наполи.

Веднаш да кажеме дека Илија Несторовски не доби шанса од стратегот Андреа Сотил, Македонецот победата на својата екипа ја проследи од клупата за резерви.

Инаку Интер поведе со фантастичниот гол на Барела од слободен удар уште во 5.минута. Потоа се тргна наопаку за гостите од Милано, во 22.минута Шкрињар си постигна автогол за 1:1, а по нереализираните зицери и шанси за домашните, Бијол во 84.минута постигна гол за 2:1.

И тоа не беше се од Удинезе, Арслан во 90+3.минута постигна гол за конечни 3:1.

 

ПретходноИма надеж, повредата на Ројс не е страшна, ќе паузира 3-4 недели
СледноАрсенал го “скрши“ Брентфорд и изби на чело на табелата во Премиерлигата, деби на Нванери со 15 години! (ВИДЕО)