ФОТО НА КОЛОТО: Тинте и Рушевиќ во еуфорија!

268

Пред натреварот со Победа, во меч од 8.коло во ПМФЛ, на Работнички и тоа како му гореше. По катастрофата минатата недела на Чаир, Калц Марковски си поднесе оставка, па Стојан Игњатов – Тинте, одново го зема тимот под свое. Победата во Купот беше очекувана, но саботниот дуел со прилепчани мораше да се добие по секоја цена. И Работнички победи, и тоа со голот на Рушевиќ кој потоа истрча или „исклиза“ до својот тренер да ја подели радоста. Јасно беше дека Тинте беше во еуфорија, тој гол и тие три бода беа скапоцени за тимот од Градски парк.

ПретходноАко Нагелсман добие отказ нов тренер на Баерн ќе биде Тухел!
СледноПред дуелот со Македонија голманот на Грузија потпиша нов договор со Валенсија! (ФОТО)