Нови проблеми: Веројатно и без Адеми против Грузија и Бугарија!

445

Како да нема крај на сите проблеми селекторот Благоја Милевски. Имено најново е веста од Загреб дека капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми има проблеми со половината, стара повреда која веќе подолго време го мачи нашиот “Лав“. Па така најверојатно ќе мораме и без него против Грузија и Бугарија.

Навистина штета. Досега поради повреда откажаа Дарко Чурлинов, Стефан Ристовски, Валон Етеми, еве сега и без Аријан Адеми.

Нема дилеми дека нашата А- репрезентација навистина ќе биде ослабена.

ПретходноНационалите го одработија првиот тренинг, целосен фокус кон Тбилиси! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМладите тргнаа со подготовките за турнирот во Хрватска (ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА)