Еден од лидерите на Шпанија признава: Трпев бројни критики! Не е важно каква боја си, сите сме исти!

128

Лоренцо Браун ова лето стана дел од шпанската репрезентација, се закити со златен медал на Европското првенство и беше прогласен во идеалната петорка на шампионатот.

Вели дека не му било лесно на почетокот, бидејќи имаше бројни критики на неговата сметка, дел од играчите, но и јавноста беа против Американецот да го облече дресот на Шпанија.

„Среќен сум, ова беше првата цел. На почетокот трпев бројни критики за многу работи. Најмногу поради јазичната бариера и земјата, не знам што се случи, но на крајот на теренот зборуваме на ист јазик, не е важно каква боја сте или во која земја доаѓаш, сите сме луѓе, сите сме браќа. Па оваа титула, ова злато нека зборуваат сами“, порача Браун.

На прашањето со кои зборови најмногу би го прославил својот голем успех, тој кратко одговорил дека ќе молчи.

„Сега не користам никакви зборови, само ќе се смеам, ќе седнам и ќе уживам во она што го правам во моментов“.

ПретходноКоментар на 8.коло: Оваа Струга Трим Лум битката за титулата ја направи неинтересна…
СледноБудуќност го освои меѓународниот турнир во чест на „Драган Василов – Цевка“