Мбапе прави проблеми и во француската репрезентација!

390

Килијан Мбапе продолжува да прави проблеми. Овој пат не во ПСЖ, туку во француската репрезентација. Членот на „светците“ одлучил да не присуствува на официјалното фотографирање со националниот тим, поради одбивањето на тамошната федерација да го промени договорот за правата на имиџот на играчите и другите маркетиншки обврски.

Според „L’Equip“, Мбапе нема да се фотографира со тимот во пресрет на Светското првенство, поради фактот што не е постигнат договор со неговите агенти и со Фудбалската федерација на Франција. Во март веќе имаше полемики околу оваа тема, а сега се продолжуваат.

Мбапе продолжува да ги бојкотира маркетиншките операции на француската репрезентација кои ги имаат со спонзорите на тимот. Тој нема да биде дел од кампањи со одредени брендови, ова се однесува на оние во кои се вклучени обложувалници и компании за брза храна.

Сега ФФФ ќе се обиде да најде некое брзо решение со Мбапе, но се чини дека нема да биде така лесно. Килијан сака да се прашува многу повеќе отколку претходно.

ПретходноФИБА призна дека судиите имале грешки на Евробаскетот!
СледноРеал Мадрид со понуда за Федерер!