Кошаркарскиот сојуз на Словенија излезе со соопштение во врска со наводите дека Лука Дончиќ и неговите соиграчи пиеле и се коцкале пред дуелот со Полска во рамките на четвртфиналето на Евробаскетот.
Федерацијата која застана зад тренерот Александар Секулиќ, вели дека станува збор за злонамерни обвинувања за кои немаат намера да ги коментираат.
„Ние во Кошаркарскиот сојуз на Словенија не се занимаваме со вакви невистинити и злонамерни обвинувања и не ги ни коментираме“, оваа кратката изјава за „Журнал24“, ставајќи крај на овие приказни.
Да потсетиме Словенија беше поразена од Полска во четвртфиналето на Евробаскетот (90:87), а меѓу двата меча на турнирот „змајките“ имаа три слободни дена. Затоа многумина беа изненадени што Лука Дончиќ е уморен (тогаш не се знаеше дека примил инјекција за лекови против болки), а не прославија ниту другите негови соиграчи.