“Лавовите“ ќе се “тестираат“ со второлигашот Вардар

124

Со цел двонеделната пауза максимално да се искористи, фудбалерите на Македонија ЃП покрај вообичаените тренинзи ќе одиграат и пријателска средба со вторологашот Вардар. Овој контролен натпревар е закажан в сабота со почеток во 15 часот на стадионот во Ѓорче Петров.

Секако дека ова ќе биде добра можност за стручните штабови на двете екипи да ја проверат моменталната форма на своите играчи пред она што ги чека во продолжение од првенството, Македонија ЃП во ПМФЛ, а Вардар во ВМФЛ.

Да посочиме дека расположението на во таборот на “лавовите“ сега е на повисоко ниво по онаа убава победа над А. Пандев во саботата со 0:1. Со оваа победа тие ја прекинаа непријатната серија од четири меча без победа.

ПретходноКапитенот на Украина: Русија е земја на терористи, треба да биде изолирана на сите начини!
СледноЕртел потпиша за Зенит и самиот се исфрли од француската репрезентација