Ертел потпиша за Зенит и самиот се исфрли од француската репрезентација

186

„Кој ќе заигра во Русија или Белорусија ќе биде отстранет од репрезентацијата на Франција“, неодамна соопштија од КС на Франција. Сепак, тоа не го предомисли искусниот Томас Ертел кој одлучи да потпише договор со Зенит од Санкт Петербург.
Плејмејкерот требаше да потпише уште летоска но тогаш откажа за да игра на Европското првенство.

Тој заедно со другите соиграчи мораа да потпишат изјава дека нема да играат во овие држави се додека трае војната на територијата на Украина. Меѓутоа Ертел го „прекрши“ договорот и замина во рускиот клуб со тоа што потпиша договор на една сезона со можност да го продолжи договорот на уште една сезона.
Тој практично се отпиша од репрезентацијата, што значи дека ќе ги прескокне квалификациите за Мундобаскет, СП 2023 и ОИ во Париз 2024.

Претходно“Лавовите“ ќе се “тестираат“ со второлигашот Вардар
СледноАрмел Бела-Кочап во германската репрезентација: Изненаден сум, но и среќен!