ЕУРО 2020: Холандија е фаворит, но и Украина има моќно оружје!

364

Холандија се врати на Европските првенства откако шокантно го пропушти континенталното натпреварување во Франција пред пет години. Сега се амбициозни за висок пласман, а во групната фаза се во предност со оглед на тоа дека ги играат натпреварите на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам. Вечерва „Лалињата“ играат против Украина (21 ч.) во меч од групата во која се Македонија и Австрија.

Ќе ги видиме на дело Холанѓаните и нивната оспорувана од фановите формација 5-3-2 која ја форсира селекторот, како и Украинците кои допатуваа без неколку првотимци но имаат млади и полетни фудбалери кои можат да изненадат.

Холандија и Украина не играле меѓу себе 11 години. Последниот меч, пријателски заврши 1:1.

„Лалињата“ се апсолутни фаворити, но мора да внимаваат затоа што Украинците стигнаа до евро-шампионатот без пораз во групата со европскиот шампион Португалија и Србија. Холандија заврши втора зад Германија во групата откако забележа шест победи на осумте натпревари.

ВЕРОЈАТНИ СОСТАВИ

ХОЛАНДИЈА: Крул – Де Лихт, Де Фрај, Блинд, Дамфрис, Де Рун, Де Јонг, Вандал, Вајналдум, Депај, Вегхорст

УКРАИНА: Бушцан – Караваев, Кривцов, Матвиенко, Миколенко, Сидорчук , Јармоленко, Зинченко, Малиновски, Степаненко,  Јаремчук

ПретходноГосподе биди со нас – и отец Пимен пристигна во Букурешт!
СледноПроектил на Лазаров од 101 км на час (ВИДЕО)